[ФОТО] Таа буквално живее во облаци! Високата Американка поради висината тешко наоѓала љубов …

Точка

29/01/2026

12:49

985

Големина на фонт

а а а

Мари Темара е американска манекенка, инфлуенсерка и креаторка на дигитална содржина, која на социјалните мрежи ја следат повеќе од 3,5 милиони луѓе. Висока е 191 сантиметар, но е најниска во своето семејство! Нејзините браќа се високи 202 и 206 сантиметри, мајката 196 сантиметри, таткото 191 сантиметар …

Вели дека во училиштето секогаш била за глава повисока од другите и дека ја нарекувале со погрдни имиња …

„Децата ме задеваа и ме нарекуваа маж или куќа, затоа што бев повисока и потешка од повеќето машки наставници“, изјавила таа своевремено.


Еден од најголемите предизвици во нејзиниот живот отсекогаш бил пронаоѓањето партнер. Општествените норми кои наложуваат мажот да мора да биде повисок во врската за неа претставувале речиси непремостлива пречка.

„Признавам дека е исклучително тешко да се најде маж повисок од мене. Излегувањата со мојата висина се речиси невозможни, бидејќи изборот е многу ограничен. Се надевам дека ќе ја променам стигмата дека мажите мора да бидат повисоки во врска, затоа што висината не треба да биде важна“, вели Мари.


Своите лоши искуства често ги споделувала на социјалните мрежи, откривајќи дека мажите ѝ зборувале дека „никому не му се допаѓаат високи девојки“ или дека изгледа како „маж во потпетици“. Еднаш излегла со маж кој на интернет-профил за запознавање тврдел дека е висок 195 сантиметри, за на крајот да се покаже дека има едвај 180 сантиметри. Нејзиното сегашно момче, вели таа, а тоа е јасно и од фотографиите, е забележливо пониско од неа.

Пред да стане интернет-ѕвезда, Мари работела како сметководителка.

Горда е на својот изглед, често снима хумористични видеа со семејството, претставувајќи се како „највисокото семејство на интернет“.