„Пиев литар вотка дневно, само да се напијам до заборав“: Пејачот проговори за пороците и борбата со депресијата

Точка

29/01/2026

13:15

492

Големина на фонт

а а а

Роби Вилијамс се присетил на еден од најмрачните периоди на својот живот, додека бил на врвот од славата со „Take That“.

Во новиот документарец за бендот, којшто премиерно бил прикажан во вторникот на 27 јануари на „Netflix“, Вилијамс, денес 51-годишен маж, отворено говорел за своите тогашни проблеми со менталното здравје и зависноста од алкохол.


Сведочење на поранешните членови од бендот

Гери Барлоу, фронтменот на „Thake That“, признал дека се чувствувал „засрамено“ што ги пропуштил знаците на проблемите на Роби:

„Никој не гледаше лево-десно да види како им е на сите. Само одевме напред“, изјавил Барлоу.

Ховард Доналд се присетува на Роби од сцената:

„Секако е горе-долу, очите му беа отечени, енергијата беше луда. Изгледаше како да е на нешто“.

Поранешниот член на бендот Џејсон Оринџ додал дека Вилијамс станал „сѐ побунтовен и поагресивен“ и дека губел интерес за работата во бендот.

Борбата со алкохолот и депресијата

Роби отворено признал низ што поминал:

„Бев толку депресивен. Се враќав во хотел и испив шише со вотка до крај. Само пиев до заборав“.

„Бев физички и ментално отсутен“, додал.

„Имав 19, 20 години и бев среде ужасен алкохолизам. Не можев да го започнам денот без веројатно уште едно шише вотка“.

Репертоарот и пробите често биле невозможни за него:

„Влегував на пробите пијан и не бев способен за нив. Телото ми беше преполно со отрови, главата ме болеше и не можев да ги впијам информациите во најдобар случај“.


Раскинување со бендот и враќање

Сето тоа довело до точка кога Вилијамс одлучил да го напушти бендот во 1996 година:

„Нешто пукна во мојата глава“, се присетил Роби.

Неговата јавна борба со зависноста и менталните проблеми била извор на тензии која резултирала со негово првобитно заминувањето од „Take That“.

Роби во 2010 година се смирил со бендот и се вратил, но во 2011 година ја напуштил групата за да се посвети на соло кариерата.