[ФОТО] Драматичниот „Шанел“ фустан ги засенил необичните чевли: Модно издание со кое Никол Кидман одржа лекција

Кармин

28/01/2026

15:00

780

Големина на фонт

а а а

Актерката Никол Кидман се појави на Неделата на висока мода во Париз во фустан кој имаше сè: пердуви, светки, но еден ден подоцна, сите зборуваат за нејзините чевли.

Вчера, во рамките на Неделата на висока мода во Париз, се одржа ревијата на модната куќа Шанел за сезоната пролет/лето 2026, а актерката Никол Кидман сè внимателно следела од првиот ред.


Ова беше едно од ретките јавни појавувања по разводот од Кит Урбан, и не можеме, а да не забележиме дека холивудската дива едноставно блеска.

Никол Кидман се појавила во издание кое истовремено оддаде почит на безвременската класика Коко Шанел во форма на класичниот крој на самиот фустан и смелата визија за новата ера на брендот, што се одрази во деталите.

За оваа пригода, таа избрала необичен и драматичен црн фустан. Горниот дел од креациите бил направен од мазен црн сатен и ја следел линијата на телото, а високата јака била богато украсена со црни пердуви со дискретни бели детали.


Истиот детаљ во форма на пердуви се појавил и на колковите, формирајќи волуменозен пеплум кој визуелно го нагласуваше струкот и внесува доза на драматичност во инаку намалената силуета.

Долниот дел од фустано исто така е интересен, со „pencil“ здолниште целосно покриено со црни светки што ѕиркаат од под пердувестиот пеплум.

Никол Кидман ја надополнила оваа необична и ефективна креација со атрактивни салонки.

Нејзините стеснети чевли со квадратен врв и V-изрез се од популарен дизајн од дебитантската колекција на новиот креативен директор на Шанел, Матиу Блазио.


Актерката го комплетирала својот изглед со црна крокодилска чанта и очила за сонце во облик на мачка.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk