Мими: „Преку ноќ ми се смени животот – ‘Ѕвездите на Гранд’ ми го донесоа вниманието што го градев цел живот“

Точка

28/01/2026

11:40

1.621

Големина на фонт

а а а

Младата и талентирана пејачка Мими искрено зборува за својата љубов кон музиката, животниот пресврт по „Ѕвездите на Гранд“, емоцијата што ја носи во секоја песна и вредностите што ја водат и на сцена и приватно. Во интервју полно искреност, таа открива што ја инспирира, што ѝ е приоритет и што можеме да очекуваме од неа во иднина.

❓Како започна твојата музичка приказна и кога сфати дека тоа е патот по кој сакаш да одиш?

✨Музиката е дел од мене уште од најмали нозе. Од дете чувствував дека тоа е нешто што природно ми доаѓа, настапував на разни музички шоуа и желбата никогаш не згасна. Љубовта кон музиката ја носам од мала, а и во моето семејство отсекогаш имало музикалност, па некако тој пат ми беше суден.


❓Што најмногу те инспирира кога создаваш музика?

✨Јас лично не ја создавам музиката, но многу добро знам што ми лежи и што чувствувам како свое. Кога ќе ја слушнам песната првпат, веднаш знам дали е тоа дали можам да се пронајдам и да ја пренесам емоцијата на вистински начин.

❓Како би го опишала твојот музички стил со неколку зборови?

✨Не сакам да се ограничувам. Сакам и поп и народна музика, се што има душа и што можам искрено да го отпеам. За мене најважно е песната да допре, без разлика на жанрот.


❓Колку од тебе и твоите лични искуства има во песните што ги пееш?

✨Не секогаш песните се директно мои лични приказни, но емоцијата секогаш е вистинска. Дури и кога немам исто искуство, се трудам да ја почувствувам приказната и да ја пренесам како да е моја, затоа што публиката ја чувствува искреноста.


❓Каква е Мими кога не е на сцена и пред камера?

✨Навистина се трудам да бидам иста и на сцена и приватно. Едноставна, искрена, емотивна и семејно ориентирана. Не глумам ништо, тоа што сум јас, тоа го добива и публиката.

❓Кој момент досега ти е најдраг во твојата кариера?

✨Учество во „Ѕвездите на Гранд“ дефинитивно. Искрено, преку ноќ ми се смени животот. По тој настап конечно го добив вниманието за сето она што го работев и градев целиот живот, и тоа е момент што никогаш нема да го заборавам.


❓Свесна ли си колку внимание привлекуваш кај публиката и како се справуваш со тоа?

✨Свесна сум и навистина ми е драго. Тоа внимание ме прави среќна, но и благодарна. Секогаш се трудам да останам приземна и да не заборавам зошто сум почнала..од љубов кон музиката.

❓Што кај една личност веднаш може да те освои, а што веднаш да те одбие?

✨Ме освојуваат искреност, почит и топлина. А ме одбиваат неискреност, ароганција и лоша енергија. Верувам дека човекот најмногу се чувствува преку однесувањето, не преку зборовите.


❓Дали моментално музиката е приоритет или љубовта има свое место во твојот живот?

✨Семејството ми е секогаш на прво место. Но музиката е мојата најголема љубов и нешто без кое не можам да се замислам. Среќна сум кога успевам да ги балансирам и двете.


❓Што можеме да очекуваме од тебе во блиска иднина – нова музика, проекти?

✨Секојдневно работиме, вложуваме и создаваме. Се надевам дека публиката ќе има можност да слушне уште многу нови песни и да види повеќе проекти што ги подготвуваме со голема љубов.


❓Која женска личност од историските влијателни ти оставила најголем впечаток и зошто?

✨Тина Тарнер, поради нејзината сила, животна приказна и влијанието што го има оставено преку музиката.