[ВИДЕО] Нова песна, нова енергија: Лозано ја пушти „Купи ме“ и брои до 7. март

Точка

28/01/2026

15:48

365

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите македонски пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска премиерно ја објави својата најнова песна со наслов „Купи ме“.

За песната е реализиран и видеоспот кој визуелно ја надополнува музичката приказна. Во него, покрај Лозано, се појавува манекенката Марта Михајловски, која ја толкува главната женска улога.



Видеоспотот е во реализација на Гордан Божиновски, а продуцент е Верица Донев Божиновски.
Говорејќи за новиот сингл, Лозано истакнува дека „‘Купи ме’ е стил на песна кој највеќе го чувствува и му лежи“.



Лозано откри дека паралелно течат и интензивните подготовки за големиот солистички концерт.
„Се подготвуваме сериозно – ќе настапам со голем бенд, работиме на нови аранжмани, ќе има гости и неколку сценски изненадувања за публиката,“ накусо изјави Лозано.



Новото музичко издание доаѓа во пресрет на големиот солистички концерт на Лозано, кој ќе се одржи на 7 март во арената „Борис Трајковски“.


Концертот е најавен како целосен музичко-сценски настан, со засилена продукција и специјално подготвена програма, но сѐ уште не се откриваат многу детали…