Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, првпат јавно проговори за нивната врска, која трае речиси една година.
Тој гостуваше во емисијата „Тудеј“, каде што ја промовираше својата нова книга „Моќта на можностите“ (Power of Possibility), а во разговор со водителот Крег Мелвин одговори и на неколку прашања за односот со познатата актерка, пренесува „Пипл“.
„Нè запознаа заеднички пријатели“
На прашањето како се запознал со ѕвездата на комичната серија „Пријатели“ (Friends), Кертис откри дека ги споиле заеднички пријатели.
„Нѐ запознаа пријатели. И тоа е целата приказна. Сфативме дека имаме заеднички луѓе во кругот и едноставно почнавме да разговараме“, изјави тој.
Советникот за благосостојба додаде дека нивните разговори не прераснале веднаш во врска.
„Не се случи преку ноќ – долго разговаравме и полека се зближивме“, рече Кертис.
Заедно се речиси година дена
Кога станува збор за тоа колку долго се заедно, тој не сакаше да биде сосема прецизен, но призна: „Веќе подолго време – со месеци, речиси една година“.
Водителот Мелвин се пошегува дека нема повеќе да го става во непријатна ситуација, забележувајќи дека се зацрвенел, на што Кертис искрено одговори: „Да, точно – црвенам“.
Да потсетиме, двојката јавно ја потврди врската во ноември, кога Анистон објави фотографија на Инстаграм на која го прегрнува Кертис.
„Среќен роденден, љубов моја, драг мој“, напиша актерката тогаш, честитајќи му го роденденот.
Претходно, уште во јули 2025 година, почнаа гласини откако беа видени заедно на Мајорка, во Шпанија, во друштво на Џејсон Бејтман, неговата сопруга Аманда Анка и комичарката Ејми Шумер.
Извор: „Џенифер се чувствува многу добро со Џим“
На почетокот на месецот, неименуван извор за „Пипл“ откри дека Џенифер се чувствува одлично во оваа врска.
„Имаше прекрасен крај на годината и навистина ѝ е добро со Џим.Со нетрпение ја очекува новата година и сѐ што доаѓа, особено сега кога Џим е покрај неа. Џен отсекогаш знаела да функционира сама и ѝ било сосема во ред да биде соло, но со Џим едноставно е поинаку“, изјави изворот.














