Палачинки „сè по една шолја“: Рецепт кој се памети од прва и успева без мерки и вага

Точка

27/01/2026

21:19

245

Големина на фонт

а а а

Овој рецепт е вистинско откритие за сите оние што не сакаат комплицирани мерки и кујнски ваги. Сè се мери со една обична шолја, а резултатот се меки, превкусни палачинки кои секогаш ќе успеат.

Главната предност на овој рецепт за палачинки е едноставноста. Наместо прецизно мерење во грами, се користи една шолја за сите состојки. Може да биде од 200 или 300 мл, не е важно, сè додека се почитуваат истите пропорции. Токму тоа го прави овој рецепт универзален и практичен.

Рецепт за палачинки – сè по една шолја

Потребно е:

• 1 шолја брашно;

• 1 шолја јогурт;

• 1 шолја млеко.


Плус:

• 1 лажица шеќер;

• 1/2 лажичка сол;

• 1 рамна лажичка сода бикарбона;

• 1 јајце;

• 1 лажичка сок од лимон;

• 1 лажица масло.

Подготовка:

Во длабок сад ставете една шолја брашно, додадете една лажица шеќер, половина лажичка сол и неполна лажичка сода бикарбона, па сè добро измешајте. Потоа додајте едно јајце и една шолја јогурт. Измешајте со лажичка сок од лимон, па повторно соединете ја смесата.


Потоа додадете една шолја млеко, ставете една лажица масло и мешајте додека не добиете мазно тесто без грутки. Текстурата треба да биде погуста, но да се разлева лесно по тавата.

Тавата подмачкајте само за првата палачинка

Загрејте ја тавата на посилна температура и само првиот пат лесно премачкајте ја со масло. Истурете една кутлача од тестото и печете додека долната страна не порумени, потоа превртете ја палачинката и кратко запечете ја и од другата страна.

Продолжете така додека не се потроши целото тесто. Палачинките послужете ги додека се уште топли, со омилениот додаток како џем, мед, чоколаден крем, слатка павлака или сирење.


Овие палачинки се меки, воздушести и со благ вкус, а подготовката трае само неколку минути. Без мерење на вагата, без стрес и без многу садови – освен таа една шолја која навистина ја менува работата, па со овие палачинки нема промашување.

Откако ќе ги пробате еднаш, тие ќе станат вашиот омилен избор во секое време од денот.


Уживајте!