Ветеринарка објасни: Зошто кучето јаде трева и кога треба да се загрижите?

Точка

27/01/2026

19:23

451

Големина на фонт

а а а

Повеќето сопственици на кучиња го забележале ова однесување – кучето грицка трева, а често веднаш помислуваат дека нешто не е во ред.

Но, ветеринарката Никола Раус, која на ТикТок објавува под името „@drnicolerous.vet“, објаснила зошто кучињата го прават тоа и кога тоа навистина може да биде проблем.

Во своето видео, Никола ги издвоила четирите најчести причини:

Здодевност или љубопитност

„Кучињата се природно љубопитни суштества и понекогаш ја истражуваат околината така што грицкаат сè што е околу нив“, рекла Никола. Значи, понекогаш тоа е само забава или истражување на дворот.


Праисториско однесување

Ова може да потекнува од нивните предци, кои јаделе растителни материи како дел од исхраната, можеби во потрага по дополнителни влакна, објаснила ветеринарката.

Проблеми со стомакот

Ова е причината што најмногу ги загрижува сопствениците. „Некои кучиња јадат трева за да ги смират непријатностите во стомакот или за да предизвикаат повраќање“, додала Никола. Ако кучето често грицка трева и делува непријатно, важно е да го посетите ветеринарот.


Недостаток на минерали во исхраната

Кучињата понекогаш јадат трева или дури и земја за да надоместат минерали што можеби им недостасуваат.

Совет

„Ако кучето повремено грицка трева и инаку е здраво, нема причина за грижа. Но ако тоа станало честа навика, разговор со ветеринар е паметен потег“, советува Никола.