[ФОТО] Георгина Родригез посетила црква и повторно сите ги разбеснила: „Колку мртви животни носиш на себе“

Точка

27/01/2026

21:01

585

Големина на фонт

а а а

Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, уште од првиот ден кога стана позната во јавноста – беше мета на негативни коментари.

Ѝ замеруваа многу работи, а најчесто фактот дека има многу пари и може да си дозволи бројни задоволства.

Ниту едно нејзино јавно појавување не поминало само со позитивни коментари, а како да сè уште не успеала да изгради стил и вкус или барем да се приближи до она што другите сакаат да го видат од неа.


Последното нејзино појавување што предизвика негативни коментари беше објавата од Шпанија и тоа од една црква во која Георгина се фотографирала. За таа пригода била облечена „едноставно“: носела долга бунда и бели чизми со висока потпетица.

„Посета на мојот Бог со мојата сестра“, напишала Георгина во описот на фотографијата.


Белите чизми и бундата не им се допаднале на најголемиот дел од нејзините следбеници, а нашле мана и во описот на фотографијата, со оглед на тоа што Бог го нарекла „нејзин“.

„Таков кич не е за црква“, „Бог повеќе ги сака скромните луѓе“, „Колку мртви животни носиш на себе“, „Се надевам дека тоа е вештачко крзно“, беа само дел од коментарите.