Британската поп-ѕвезда со албанско потекло Дуа Липа ги привлекла сите погледи при пристигнувањето на ревијата на Шанел на Париската модна недела, појавувајќи се во жолт комплет со необичен принт.
Имено таа носела структурирано сако и здолниште до колена во интензивна жолта нијанса, прекриени со апстрактни црвено-црни мотиви што потсетуваат на леопард принт.
Кроевите останале верни на елеганцијата на Шанел – прецизни, женствени и јасно дефинирани – додека впечатливиот дезен додал речиси уметнички момент.

Пејачката изгледот го заокружила со мала чанта што ја носела преку рамо, исто така во истиот принт, со што постигнала комплетна, заокружена естетика. Минималистичките сандали во црно-бела комбинација го „смириле“ визуелниот впечаток на модната комбинација, додека шминката беше природна, со акцент на неутрални тонови.

На денешната ревија во рамки на „Париската модна недела“, Шанел ја претставува својата најнова „couture“ линија (ревија на висока мода) за сезоната пролет/лето 2026 година.

Инаку денешната ревија на Шанел во Париз е првата ревија на висока мода (haute couture) на Матије Блази како креативен директор за таа категорија.
Тој веќе дебитирал со „ready-to-wear“ колекција за Шанел (пролет/лето 2026 во октомври), но ова е неговото прво официјално „haute couture“ шоу откако ја презел функцијата.
Покрај Дуа Липа, на ревијата на Шанел во Париз пристигнале и Пенелопе Круз, Никол Кидман, Тилда Свинтон, како и Ана Винтур.