[ФОТО] Нудат бесплатно сместување, храна и работа, но никој не сака да дојде: Причината зошто сите го избегнуваат ова планинско гратче е навистина бизарна

Точка

26/01/2026

14:46

1.021

Големина на фонт

а а а

Што би рекле на тоа кога некој би ви понудил да се преселите во напуштен град кој се наоѓа среде недопрена природа?

Супер! Веројатно веднаш помисливте на работи како свеж воздух, живот далеку од градската бучава и врева, домашна храна и секојдневни прошетки. Звучи добро, но таквиот живот може да има и одредени недостатоци. Некои од нив што ни паѓаат на памет се бавна интернет-врска, недостаток на забава и, најважното: што да се работи таму и каде да се најде работа? Навистина, како некој воопшто може да заработува за живот во напуштен град? Американските власти имаат решение за тој проблем, но изгледа дека никој не ги „ферма“ ни два проценти, иако нудат бесплатна соба и храна, како и дополнителен надомест за секој што ќе се пресели.

Гарнет некогаш бил жив град, а во најдобрите денови имал хотел, пошта, училиште, месарница, бордел…

Гарнет денес е еден од најдобро сочуваните „градови духови“ на американскиот континент. Основан е во доцните 1800-ти години како рударска населба посветена на експлоатацијата на злато, а до преминот во минатиот век броел речиси 1000 жители. Неговата оддалечена положба високо во планинскиот венец го правела превозот предизвикувачки, но Гарнет сепак доживеал процут.


На својот врв, градот имал пошта, хотел, училиште, четири продавници со мешана стока, три коњушници, две берберници, продавница за десерти, лекарска ординација, месарница, бордел и повеќе од десет салони. Меѓутоа, кога залихите на злато се исцрпеле, градот полека почнал да умира. Забрзаниот пад го доживеал во 1912 година, откако огромен пожар уништил голем дел од трговскиот кварт.


Во доцните 1930-ти години, кога цената на златото во светот почнала да расте, некои рудари се вратиле и се обиделе да се населат во зградите што сè уште стоеле, но тие напори биле краткотрајни. Освен недостатокот на злато, пресудни биле и двете светски војни. Градот бил целосно напуштен до раните 1940-ти, а во 1960 година сојузната американска држава Монтана го прогласила рудникот за „мртов“.

Денес властите сакаат да ги вратат жителите во мирниот планински пејзаж и нудат бесплатно сместување и храна, но никој не сака да живее таму! Причината е бизарна

Локалните власти со години се обидуваат да ги поттикнат луѓето да се преселат во напуштениот град Гарнет, кој се наоѓа во идилично планинско опкружување. Сепак, се чини дека никој не сака да ги прифати нивните услови – бесплатно сместување и храна. Причината поради која понудата не им е прифатлива на Американците е навистина бизарна. Имено, постојат приказни дека поранешните жители гледале духови и, според зборовите на историчарите, наводно слушале морничави тонови од пијано како доаѓаат од внатрешноста на стариот салон по зајдисонце, често придружени со звук на далечни гласови. Исто така, постојат извештаи за духови во стара облека кои се движат меѓу зградите.

Па, зошто тогаш властите сакаат да го населат ова подрачје? Со текот на времето градот станал туристичка атракција, а за туризмот да функционира нормално, потребни се водичи и вработени кои ќе продаваат сувенири и ќе им даваат информации на посетителите. Сепак, неколку луѓе од остатокот од светот ја прифатиле нивната понуда и доаѓаат таму за да ја одработат „сезоната“.


Иако во Гарнет нема питка вода ниту пристап до интернет, многумина од нив наведуваат дека доаѓаат тука за да се одморат во целосна изолација и да го пронајдат својот мир. „Ова е место за луѓе кои го сакаат престојот на отворено. Нема струја, нема Wi-Fi и нема питка вода. Но има патеки за истражување. Откако посетителите ќе си заминат, ние остануваме тука препуштени сами на себе и на мајката природа“, изјавил еден од вработените за „The Huffington Post“ пред неколку години.

Странците се враќаат од година во година

Веб-страницата на туристичката заедница на сојузната држава Монтана, во која се наоѓа Гарнет, денес не спомнува никакви паранормални активности, туку се фокусира на исклучително добро зачуваната слика од американската историја што посетителите можат да ја доживеат во градот. Сепак, историската автентичност на градот и неговата близина до природата се доволен мотив поединци од целиот свет да се враќаат од година во година. Според некои извори, тројца волонтери таму го поминуваат секое лето веќе повеќе од една деценија.