Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е во изградба од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри.
Мостот Руџи во долината Шенксијангду во кинеската покраина Џеџијанг стана вистински хит на социјалните мрежи.
Поради неговиот посебен дизајн, многумина мислеа дека не е вистински, туку дека е „дело“ на вештачката интелигенција.
Сепак, овој кривулест стаклен мост, кој се состои од три дела, навистина постои. Покрај тоа, откако беше отворен за јавноста во септември 2020 година, го посетиле стотици илјади Кинези.
Највисокиот дел од мостот е всушност висок лак до чиј врв водат скали. Руџи го добил своето име, како и својот облик, од истоимениот церемонијален жезол, кој во кинеската култура е знак на моќ и среќа.
Необичната метална конструкција на мостот Руџи е дизајнирана од Хе Јунчанг, кој го дизајнирал и Националниот стадион во Пекинг, познат и како „птичјо гнездо“.
Изграден е како главен атлетски стадион за Олимписките игри во 2008 година.










