Бруклин Бекам конечно одлучи да ја отвори душата и да стави крај на шпекулациите за војната што веќе подолго време тлее меѓу него, неговата сопруга Никола Пелц и славните родители Дејвид и Викторија. Преку серија објави на Инстаграм, Бруклин ги обвини родителите дека постојано се обидуваат да му ја уништат врската само за да добијат повеќе публицитет во медиумите.
„Доста молчев! Со години се трудев сè да остане во семејството, ама мајка ми и татко ми (и нивниот тим) постојано лажат по медиумите. Не ми оставија друг избор освен сам да си ја кажам вистината. Не планирам да смирам со нив. Веќе не ме контролираат, првпат во животот си стојам на своето“, порача остро Бруклин.

Бруклин тврди дека неговите родители со години управувале со тоа како се пишува за семејството, меѓу другото преку објави направени за впечаток на социјалните мрежи, семејни појавувања и односи кои, како што наведува, биле повеќе за јавноста отколку вистински.
Тој додал и дека, како што вели, неодамна сфатил „до која мера“ се подготвени да одат за да туркаат во медиумите тврдења кои ги смета за невистини, „главно на сметка на невини луѓе“, со цел да ја зачуваат сопствената слика. Порача дека „вистината секогаш излегува на виделина“ и тврди дека Дејвид и Викторија, според неговите зборови, со години се обидувале да го нарушат неговиот однос со Никола, и тоа уште пред нивната венчавка во април 2022 година.

„Не престана“, напиша Бруклин. Тој тврди дека неговата мајка во последен момент се откажала од изработката на венчаницата на Никола, иако, според неговите зборови, Никола била воодушевена од идејата да носи нејзин дизајн, па морала итно да бара друг фустан.
Исто така наведува дека Дејвид и Викторија „повеќепати вршеле притисок врз него“ и, како што тврди, се обиделе да го „поткупат“ за да се откаже од правото да го користи сопственото презиме пред венчавката. Вели дека неговото одбивање го променило начинот на кој се однесувале кон него. Додал и дека мајка му го нарекла „злобен“ за време на планирањето на венчавката затоа што тој и Никола одлучиле на нивната маса да ги сместат и нивните баби, со напомена дека и родителите имале свои маси подеднакво блиску.

Бруклин понатаму тврди дека неговите родители „јавната промоција и спонзорствата“ ги ставаат над сè бидејќи брендот Бекам, како што вели, им е на прво место.

Тој напиша и дека „семејната љубов“ се мери според тоа колку објавувате на социјалните мрежи и колку брзо оставате сè за да се појавите и позирате за семејна фотографија, дури и ако тоа е на штета на деловните обврски. Додаде дека со години се обидувале да бидат присутни на ревии, забави и медиумски настани за да ја одржат сликата на „совршено семејство“, но дека, според неговите зборови, неговата сопруга еднаш побарала поддршка од Викторија во акција за згрижување кучиња по пожарите во Лос Анџелес — и дека таа го одбила тоа.

Бруклин се осврнал и на тврдењата дека неговата сопруга го контролира, нарекувајќи ги „целосно погрешни“. Тој напишал дека родителите го контролирале поголемиот дел од неговиот живот и дека пораснал со силна анксиозност. Додал дека, откако се оддалечил од семејството, таа анксиозност исчезнала и дека се буди благодарен за животот што го избрал, со чувство на мир и олеснување.

Изјавата ја заклучил со порака дека тој и неговата сопруга не сакаат живот диктиран од имиџ, медиуми или манипулација, туку „мир, приватност и среќа“ — и, како што напиша, семејството што планираат да го создадат во иднина.
Точната причина за конфликтот сè уште не е позната, но извор претходно изјавил за „Hello!“: „Од моментот кога Никола влезе во семејството, таа не покажа она што Викторија би го нарекла почит кон нив.“ И покрај тоа, изворот наведува дека Дејвид и Викторија „силно сакаат да ги решат несогласувањата“.

„Дејвид веќе се јави и ќе отпатува да го види Бруклин ако биде потребно. Ќе го изгаси тој пожар; Дејвид рече дека сака прашината да се слегне и сите да разговараат кога емоциите ќе се смират. Бруклин ги повреди. Ги боли што го изнесе нивниот валкан веш во јавноста, но Дејвид нема да дозволи ова да продолжи уште долго. Тој сака да ги собере сите во една соба — мораат да го решат ова сега или ништо нема да се промени“, додаде изворот.