Домашна нутела која се прави од здрави состојки е совршен избор да се засладите за време на посните денови.
Основни информации:
• Кујна: здрава / сировата кујна;
• Време на подготовка: околу 10–15 минути;
• Број на порции: 4 порции ;
• Калории: приближно 750 kcal.
• 80 г индиски ореви;
• 80 г урми;
• 40 г какао;
• Лажичка ванила (по желба);
• 200 мл вода.
1. Потопете ги урмите околу 10 минути во топла вода.
2. Потоа сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете мазна, кремаста текстура.
3. Готовиот крем чувајте го во фрижидер.
Уживајте!