[ФОТО] Најелегантното модно издание на славниот пар: Сулејман и Шехерзад модно усогласени на црвениот килим ги „украле“ сите погледи

Кармин

16/01/2026

16:31

643

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите турски парови, Халит Ергенч и Бергузар Корел неодамна се појавиле на настанот „Elle Style Awards“ каде славниот Сулејман Величествениот го добил признанието „Television Performance of the Year“.

Неговата сопруга, позната како Шехерзад од серијата „1001 ноќ“ го придружувала својот сопруг, а на црвениот килим демонстрирале беспрекорен стил.

Модно усогласени и со насмевки на лицата, Сулејман и Шехерзад ги освоиле симпатиите на сите присутни.

Бергузар се решила за долг црн фустан со длабоко „V“ деколте кој ја следел линијата на нејзиното тело и ја истакнал нејзината импресивна линија. Брошот и обетките што ги носела актерката му додале нота на гламур на нејзиното модно издание, а црвениот маникир и дискретната шминка на вистински начин ја заокружиле модната комбинација.


Нејзиниот сопруг се појавил во елегантен костум коj го искомбинирал со црна кошула и вратоврска.

Реверите од неговото сако беа комплементарни со реверите на фустанот на Шехерзад и може да се каже дека овие црни монохроматски издание на Халит и Бергузар се едни од најубавите што сме ги виделе во последно време.


Потсетуваме, познатиот турски пар се запозна во 2006 година на снимањето на серијата „1001 ноќ“, а Халит во тоа време бил во брак со колешката Гизем Сојсалди, па ја оставил да биде со Бергузар и тоа додека била бремена.

Бергузар и Халит се венчаа во 2009 година и имаат три деца: синовите Али и Хан и ќерката Лејла.

Во текот на изминатите години, многу се зборуваше за љубовните врски и нивните проблеми во бракот, кои тие гордо ги отфрлаа.

Инаку нивниот феноменален изглед се должи на исхраната што двајцата ја практикувале.


Заедно успеале да изгубат вкупно 21 кг. Таа ослабела 7 килограми, а тој фантастични 14 килограми.

„Јадам сиров зеленчук и полупечено месо. Ги исфрлив шеќерот, глутенот и млечните производи. Всушност, претежно јадев сирова храна“ раскажал Халит.

Во текот на целодневните снимања, актерот најчесто јадел ѓумбир, зелени јаболка, моркови, цвекло, спанаќ и целер, лосос од тиква, салата од киноа …

Кога станува збор за пијалаци, неговиот избор бил лимонада или пијалак од житни култури.

Познатиот турски пар не се откажувал ниту од слатки, но ги избирал внимателно. Најчесто тоа бил десерт од нане, портокал, какао и урми.

Имало и солени закуски: крекери направени од бадеми и ленено семе или индиски ореви, какао путер и бадеми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk