Растение кое го нарекуваат „зимска среќа“ – ќе го направи домот поубаво место за живеење: Се верува дека носи благосостојба и среќа

Кармин

14/01/2026

16:15

361

Големина на фонт

а а а

Според правилата на фенг шуи, одредени растенија можат да привлечат среќа, благосостојба и позитивна енергија во домот.

Најпознато меѓу нив е красулата, популарното „дрво на среќата“. Нејзините полни, бујни лисја симболизираат богатство и финансиски напредок, па во многу од домовите се огледува како растение кое носи пари и просперитет.


Сепак, красулата не е единственото растение кое се поврзува со добрата енергија. Фенг шуи особено истакнува уште неколку видови: замија, кинески долар, дрво на парите... Меѓутоа, постои едно раскошно цвеќе кое многумина не го поврзуваат со среќата, а според источната традиција носи моќна симболика на благосостојба – камелија.

Камелијата потекнува од Кина, Кореја и Јапонија, а во Европа пристигнала во 18 век. Се одгледува одамна и важи за едно од најстарите култивирани растенија во Азија.

Расте како ниско дрво, отпорно е на студ, а цветовите можат да бидат бели, црвени, розови. Цветањето почнува од доцна зима и трае до пролет, што го прави едно од ретките зимски растенија во градината.

Најмногу успева во полусенка, во кисела и влажна земја. Најповолно време за садење на ова растение е од октомври до март, а цветањето вообичаено почнува околу третата година поради што купувањето на развиени садници е најдобриот избор.

Камелија – елегантно растение кое носи среќа, мир и верни пријателства

Камелијата според фенг шуи е ценета поради своите нежни, но моќни енергии кои ги носи, но и хармонијата и рамнотежата во животниот простор.

Освен што е исклучително декоративно и отпорно на ниски температури, ова растение се смета и за она кое привлекува добри луѓе, искрени пријатели и стабилни емотивни односи.

Помага во односите и ја јакне љубовта

Во традиционалната источна култура, камелијата е симбол на верност, почит и чиста емоција. Идеално е за југозападниот дел од домот, областа на љубовта и партнерството. Розовата и црвената камелија особено се погодни за јакнење на романтичната енергија, а во спалната соба се препорачуваат само едно или две растенија, за енергијата да остане складна.


Како влијае камелијата на енергијата на просторот?

Камелијата во домот внесува мир, благосостојба и дискретна елеганција. Се смета за растение кое ја смирува напнатоста, штити од негативни вибрации и создава чувство на трајна стабилност затоа што и самото може да живее многу долго. Поради тоа во фенг шуи често се нарекува „цвеќе на тивката среќа“.

Каде е најдобро да ја поставите камелијата?

Југоисток – финансиска среќа.

Исток – семејна хармонија.

Југозапад – љубов и партнерски односи.

Влезен дел (во сенка) – привлекување на добри прилики и позитивни луѓе.

Места кои треба да ги избегнувате се целосно темните простории, јако дискретно сонце, како и промаја или ветер затоа што растението не сака нагли промени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk