[ФОТО] Трансродовата ќерка на Илон Маск стана ѕвезда: „Порано не сакав да покажувам ниту делче од мојата кожа“

Кармин

08/01/2026

18:45

982

Големина на фонт

а а а

Вивијан Џена Вилсон е трансродовата ќерка на Илон Маск и со татко ѝ не е во добри односи, но тоа не ја спречува да биде главна тема во сите медиуми поради успешните деловни ангажмани.

Вивијан штотуку станала ѕвезда на новата кампања на брендот „Savage x Fenty“, со која Ријана направила „бум“ во светот.

Колекцијата наречена „Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite“ ги воодушевила сите што ја следат работата на Ријана, а кадрите во кои се појавила Вивијан ѝ биле уште поинтересни на јавноста.


Кариерата на младата Вивијан Вилсон тргнала по нагорна линија, па не чуди што и Ријана посакала токму таа да биде едно од нејзините заштитни лица.

Додека позирала во цветен градник, Вивијан можеби и не насетувала колку внимание ќе привлече самата кампања само поради нејзиното појавување.

Во текот на кратката кариера таа веќе почнала да реди успеси, а не така одамна се плашела од камери и не сакала да го покажува своето тело.

„Бев преплашена. Пред сето тоа бев личност која никогаш не покажуваше кожа, дури ни кога одев на плажа не носев костим за капење“, изјавила претходно во интервју за „Vanity Fair“.


За нејзиниот однос со татко ѝ многу се пишуваше: кога имала 16 години побарала од документите да се отстрани презимето Маск и открила дека е трансродова личност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk