[ФОТО] Славната актерка ја примила престижната награда, но сите гледале во нејзиниот син

Кармин

08/01/2026

13:52

995

Големина на фонт

а а а

Сара Џесика Паркер доживеала вечер која долго ќе ја памети – и тоа во друштво на најдрагите личности.

Славната актерка во вторникот, на настанот „Golden Eve“, ја примила почесната награда „Carol Burnett“ за исклучителен придонес во телевизијата, а најголема поддршка на црвениот килим ѝ биле сопругот Метју Бродерик и нивниот 23-годишен син Џејмс Вилки Бродерик, кој инаку ретко се појавува во јавноста.


Татко и син модно усогласени

Семејството позирало пред фотографите, а Паркер буквално блескала во светкав фустан без прерамки, со потпис на Паоло Себастијан. Со него носела и кратко црно сако, а модната комбинација ја заокружила со елегантни бисери и дијаманти.


Бродерик и Џејмс не заостанувале – двајцата се појавиле во беспрекорни црни смокинзи, а детаљот што привлече внимание бил белиот цвет на реверот, како знак на дискретна елеганција и поддршка. Еден од најемотивните моменти се случил токму пред фотографите: Џејмс ја бакнал мајка си во образ, а Паркер не ја криела гордоста.

Паркер и Бродерик се во брак од 1997 година, а освен Џејмс имаат и близначки – Табита Хоџ и Мерион Лорет Елвел, родени во 2009 година.


Скромност и покрај децении успех

Во пресрет на церемонијата, Паркер за „InStyle“ признала дека поради оваа чест се чувствува „одлично“, но и дека целата кариера ја доживувала како комбинација од труд и среќа. „Беше среќа што успеав сè да наместам и да изградам кариера за себе. Тоа беше она што најмногу го сакав“, рекла таа.


Актерката додала дека никогаш не се преправала дека работела напорно – напротив, признала дека била посветена до граница на опсесија, но и нагласила дека многу други вложуваат исто толку, а не ја добиваат истата шанса. „Мислам дека добив многу повеќе отколку што некогаш се осмелив да се надевам“, заклучила таа.

Повторно собирање на екипата на „Сексот и градот“

На прославата се појавиле и нејзините колеги од култната серија „Сексот и градот“, со кои глуми и во продолжението на „And Just Like That …“

Поддршка ѝ пружиле Кристин Дејвис, како и Еван Хендлер и Дејвид Ајгенберг, познати на публиката како Хари и Стив.


Дејвис открила и моден совет што Паркер со години ѝ го повторувала, а кој на многумина би им користел: „Нејзиниот главен моден совет е да се облекувате точно онака како што сакате и да не се грижите за трендовите, за минливите модни хирови или за тоа кој што зборува за она што го носите“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk