„Моите пороци и скандали се поинтересни од сè што некој може да измисли“: Лудите љубови и животната приказна на најубавата холивудска актерка

Кармин

09/01/2026

13:12

1.150

Големина на фонт

а а а

Ава Гарднер е родена на 24 декември 1922 година во мало место, Грабтаун, во Северна Каролина. Публиката ја обожавала поради природната убавина и магнетската појава, а колегите ја паметеле како жена со слободен дух која никогаш не се приспособила целосно на правилата на Холивуд.

Нејзината приватна приказна често била побурна и подраматична од филмовите во кои играла.

Ава била најмладото дете во семејство со седум деца. Израснала во сиромашна фармерска фамилија на југот на САД, во време кога Големата депресија оставила длабоки траги врз секојдневниот живот. Била посебно приврзана за татко ѝ, Јонас Гарднер, чија смрт во 1938 година, кога имала само 15 години, ја одбележала засекогаш емоционално.


Потоа, нејзината мајка водела мал пансион за да ја издржи фамилијата. Ава била срамежлива, повлечена и далеку од сликата на идна филмска дива. Нејзиниот силен јужен акцент подоцна станал сериозна пречка во Холивуд, поради што со години посетувала часови по дикција.

Случајно откриена, неподготвена за слава

Влезот во Холивуд не бил планиран. Откако нејзината сестра се преселила во Њујорк и се омажила за фотограф, Ава позирала за неколку фотографии. Една од нив завршила во излогот на студиото, каде што ја забележал талент-скаут на „MGM“. Без актерско искуство, но со неверојатна фотогеничност, добила договор.

Првите чекори биле тешки. Не знаела како да се однесува пред камера, имала трема и често се сомневала во себе. Со години играла мали, незабележливи улоги додека студиото ја обликувало според своите правила.

Пробивот кој ѝ го промени животот

Првиот вистински успех дошол во 1946 година во филмот „The Killers“, каде што глумеше ладна и заводлива „femme fatale“. Публиката останала без здив, а Холивуд добил нова ѕвезда. Од тој момент, Ава Гарднер повеќе не била само убаво лице – станала актерка со харизма и сила.


Следеле големи улоги во педесеттите години. Во филмот „Mogambo“ од 1953 година покажала емоционална длабочина и ранливост, што ѝ донесе единствена номинација за Оскар во кариерата. Иако не пеела, беше ѕвезда и во музички филмови, како „Show Boat“, каде нејзиниот глас бил синхронизиран.

Посебно место во кариерата ѝ зазема филмот „The Barefoot Contessa“, приказна за сиромашна жена која преку ноќ станува светска сензација. Многумина во таа улога ја виделе нејзината лична исповед и амбивалентниот однос кон славата, која никогаш не ја сакала вистински.

Подоцна ја воодушевила критиката и во филмот „The Night of the Iguana“, каде глуми уморна, разочарана жена која сепак наоѓа сила за разбирање и сочувство.

Три брака и една голема љубов

Приватниот живот на Ава Гарднер бил скоро исто толку познат како и нејзините филмови. Таа се мажела трипати, но ниту еден брак не потрајал. Најмногу внимание привлече врската со Френк Синатра. Нивниот однос бил страстен, бурен и деструктивен, полн со раскинувања и смирувања.


Иако се развеле, подоцна и двајцата признале дека се сметале за најголемата љубов на својот живот.

Ава била блиска и со многу други познати мажи од нејзиното време – писатели, актери, милијардери – но ниту една врска не ѝ го донела мирот кој го барала.

Бегство од Холивуд и тивко повлекување

Како што се менувале филмските трендови, Ава се повеќе се оддалечувала од Холивуд. Славата ја доживувала како товар, а не како привилегија. Голем дел од животот го поминала во Европа, особено во Шпанија, каде пронашла слобода далеку од студискиот систем и таблоидите.

Пушењето, стресот и бурниот животен стил оставиле последици. Во 90-те години доживеа мозочен удар, а здравјето ѝ се влоши. Почина на 25 јануари 1990 година, на 67 години, од воспаление на белите дробови.


Легенда која живееше по свое

Иако ја прогласувале за најубава жена на светот, Ава Гарднер никогаш не сакала да биде совршена. Била емотивна, тврдоглава, искрена и често несреќна. Бегала од славата, но никогаш целосно не ѝ избега.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk