[ФОТО] -22 килограми, изненадување за сите: Пејачката драстично ослабна, па новиот изглед е рај за очи

Кармин

22/12/2025

08:57

1.626

Големина на фонт

а а а

Поп-ѕвездата Кристина Агилера го прослави својот 45-ти роденден во празнично расположение, споделувајќи фотографии на Инстаграм на кои ја покажа нејзината витка фигура и голема трансформација на изгледот.

Кристина се огласи на Инстаграм во четврток, 18 декември, објавувајќи серија фотографии од прославата. Пејачката блескаше во бел фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело.

Таа одлучи максимално да ја истакне својата витка фигура, па така носела бели мрежести хулахопки и светкави црвени високи потпетици. Оваа празнична комбинација ја надополнила со капа, која ја красела нејзината руса, виткана коса.


На фотографиите се прикажани и детали од прославата на роденденот, торта од шеќерни бонбони, богата вечера и маса покриена со балони околу која се собрале гостите за да ѝ подарат подароци и да ѝ го честитаат посебниот ден.

Во последните месеци, пејачката предизвика бројни коментари на интернет поради драстичното слабеење. Таа ослабнала околу 22 килограми во 2023 година.

Како Кристина Агилера ослабе?

Списанието „HELLO!“ во 2023 година пишуваше дека Агилера ослабела повеќе од 18 килограми во текот на годините, ограничувајќи го дневниот внес на храна на околу 1.600 калории.

Се наведува дека таа ја користела т.н. виножитна диета, начин на исхрана кој поттикнува консумирање на шарено овошје и зеленчук богати со различни хранливи материи и фитонутриенти.

Исто така, се забележува дека таа јаде многу интегрална храна, вклучувајќи риба, ориз и зеленчук, и не држи диета.

И покрај постојаните коментари за нејзиниот изглед, Кристина со години отворено ја критикува културата на исхрана и јавното срамење на телата. Во 2020 година, таа изјави:


„Не држам диета, трпете го тоа. Секој од нас е индивидуа и луѓето ве судат поради она што ве прави различни, поради она што ве прави уникатни. Мора да ја прифатите таа убавина - и по ѓаволите со сè друго“.

Во интервју за списанието „Health“ во 2021 година, пејачката отворено зборуваше за својот однос со своето тело:

„Мислам дека сите имаме добри и лоши денови кога станува збор за тоа како се чувствуваме во сопствената кожа. Кога почнав да ја работам мојата работа, мразев да бидам премногу слаба. По 21 година, малку се „наполнив“ и ги обожавав моите нови облини. Секогаш велев дека жените се многу поинтересни за гледање од мажите. Тешко ми е да ги гледам моите рани фотографии затоа што се сеќавам колку несигурна бев тогаш“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk