Велат дека во Финска живеат најсреќните луѓе на светот, но Лена не се согласува со тоа, а во продолжение на текстот прочитајте зошто е такво нејзиното мислење.
Нордискиот регион е многу ценет поради високиот квалитет на живот, а Финска особено се издвојува, па веќе седма година по ред се наоѓа на врвот од листата најсреќни луѓе на светот.
Сепак, Лена не се согласува со тоа и се прашува како е можно оваа земја со години да се наоѓа на врвот од листата на најсреќни луѓе на светот, што се однесува до неа, животот таму е навистина здодевен. Признава дека никогаш повеќе нема да отиде во Финска, дури ниту на одмор.

Таа во Финска отишла со желба да започне нов живот и децата да ги одгледува во земја за која сите тврделе дека е совршена точка на планетата. Фотографиите кои се вирални на социјалните мрежи делуваат примамливо, но едно се фотографиите, а нешто друго е реалноста.
Кога се појавил оглас за работа во Финска, таа помислила дека е знак од Бога, аплицирала и многу брзо добила позитивен одговор. Со оглед на тоа што нејзината братучетка имала пријателка во Финска со која стапила во контакт, ѝ се чинело дека ќе ѝ биде многу лесно да се прилагоди на животот таму и дека лесно ќе запознае повеќе нови луѓе.
Таа вели дека е сигурна дека никој што доаѓа од Балканот не може толку лесно да се навикне на животот во оваа земја. Нивниот менталитет е сосема различен од нашиот. Она што за нив е среќа и нормален живот, за нас е сосема необично.
Тие воопшто не се склони кон изливи на емоции, нема еуфорија кај Финците, а тоа е нешто што најмногу ја вознемирувало Лена.
„Ние од Балканот сме срдечни, ретко ќе видите насмевка од Финците. Дури и пријателите не се поздравуваат срдечно“.

За нив, говорот на телото во разговорот, како и гестикулацијата се знак на недостаток на култура. Тие зборуваат малку, но се многу директни. Ретко даваат комплименти.
Тие се поспонтани, целиот свој живот го живеат според одреден распоред. Ако сакате да пиете кафе со некого, мора да се договорите многу однапред, како на пример да одите на состанок“, вели Лена која додава дека никогаш не би можела да се навикне на тоа.
„А потоа тука е и времето. Деновите се кратки и секогаш е мрачно и темно. А кога ќе се раздени, не се чувствувате како да е ден“.
Таа речиси никогаш не го видела сонцето, па затоа вели дека секогаш била поспана.
Исто така, иако се верува дека образовниот систем во Финска е совршен, таа вели дека не е.

Финска ја имаше една од највисоките стапки на самоубиства во светот благодарение на злоупотребата на алкохол и антидепресиви. Денес стапката на самоубиства е преполовена, но сепак е малку повисока од просекот во ЕУ.
„Сè уште не разбирам како, и покрај сето ова, Финска се смета за најсреќна земја во светот“, заклучува Лена.