Зошто децата кои пораснале во текот на 70-тите биле поснаодливи и поотпорни?

Кармин

19/12/2025

14:47

291

Големина на фонт

а а а

Одгледувањето деца во текот на 70-тите години од минатиот век било многу поразлично од денешното.

Родителите честопати и несвесно применувале методи кои ги правеле нивните деца поотпорни и поподготвени за подоцнежниот живот. Ги вклучувале во домашните работи и поттикнувале развој на практични вештини клучни за самостоен живот. Ги учеле децата за важноста на семејството, соработката и почитта, опремувајќи ги со емоционални и социјални алатки потребни за успех.

Поправи, не фрлај

Во текот на 70-тите се подразбирало дека децата мора да бидат снаодливи. Ги учеле да ја шијат скинатата облека и да ги поправаат расипаните предмети наместо веднаш да купуваат нови. Истражувањата потврдуваат дека таквиот пристап го продолжува векот на траење на предметите. Децата кои ја научиле вештината на поправање пораснале во возрасни кои ја разбираат и почитуваат важноста на одржливоста.

Дициплина преку домашни работи

Децата редовно учествувале во домашни работи, што им помогнало да развијат дисциплина и работна етика. Студијата спроведена на Харвард покажала дека децата со редовни задолженија пораснале во поуспешни и попродуктивни возрасни личности, кои воедно биле и поотпорни на животните предизвици.


Учење емоционална отпорност

Родителите дозволувале децата да се соочат со последиците од  своите постапки. Иако тоа понекогаш било непријатно, децата така учеле да ги разбираат и регулираат сопствените емоции. Студијата на Универзитетот Стендфорд потврдила дека децата на кои родителите им дозволуваат самостојно да ги решаваат проблемите полесно го контролираат своето однесување. Соочувањето со последиците ја градело емоционалната отпорност неопходна за подоцнежниот живот.

Развивање на работна етика од мали нозе

Децата биле охрабрувани да работат или практикуваат хоби уште за време на школувањето за да ја разберат врската помеѓу трудот и резултатот. Според студијата на Институтот за политика на вработување, младите кои работеле во текот на школувањето подоцна во кариерата имале повисоки плати и пократко биле невработени. Раната изградба на работната етика водела до поголем работен успех.


Лекции за почитта

Пристојното однесување и манирите биле високо на листата на приоритети. Родителите знаеле дека така ќе одгледаат деца кои ги почитуваат другите, водејќи се со златното правило – однесувај се со другите онака како што сакаш тие да се однесуваат со тебе. Учењето на почитување од мали нозе е темел за изградба на квалитетни односи и посреќен живот во зрелоста.

Поттикнување самостојност

Во времиња кои се сметале за побезбедни, децата имале повеќе слобода да играат надвор без постојан надзор од родителите. Тоа им овозможило да развијат одговорност и да станат независни. Извештајот на детската болницата „C.S. Mott“ од Универзитетот Мичиген потврдува дека слободата поттикнува независност, самодоверба, отпорност и способност за решавање проблеми.


Важноста на тимскиот дух

Практикувањето тимски спортови било особено популарно и охрабрувано. Преку таквите активности децата развивале важни социјални вештини. Една студија покажала дека учеството во групни активности позитивно влијае врз емоционалниот развој и комуникациските вештини. Во 70-тите децата учеле да соработуваат и конструктивно да ги решаваат конфликтите, што им било од корист подоцна во животот.

Семејството на прво место

Заеднички вечери, излети и дружења биле приоритет. Родителите инсистирале на квалитетно поминато време со семејството, со што на децата им всадиле чувство на важност на семејството. Истражувањата потврдуваат дека децата во таква средина се чувствуваат поддржани, што има позитивно влијание врз нивното ментално здравје во зрелоста, но и ги учи како да ги градат сопствените семејни односи.


Храброст за преземање ризик

Родителите ја разбирале важноста на учењето на разликата помеѓу стравот и реалната опасност за да ги поттикнат децата да бидат храбри но и внимателни. Преку т.н. „ризична група“, децата развивале креативност и спонтаност. Учеле како да ја проценат ситуацијата и да преземат промислени ризици кои се клучни за личен раст и развој.

Почитување на она што го поседувале

Децата ги учеле да не се однесуваат расипнички – преку изработка на предмети, работа во градина или поправки. На тој начин децата научиле да ја почитуваат вредноста на работата и предметите што ги поседувале. Истражувањата покажуваат дека децата одгледани на тој начин стануваат возрасни луѓе кои практикуваат одржливост, свесни за нејзината еколошка и финансиска важност. Иако можеби не биле свесни за тоа, родителите во текот на 70-тите години преку вакво воспитување создавале силни и отпорни луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk