[ФОТО/ВИДЕО] Да можеше принцезата Дијана да го види ќе беше горда: Принцот Џорџ оди по стапките на баба му и подготвен е да биде крал

Кармин

22/12/2025

10:00

508

Големина на фонт

а а а

Принцот од Велс, Вилијам, го однел својот најстар син, дванаесетгодишниот принц Џорџ во посета на добротворна организација која му е особено блиска, исполнувајќи го ветувањето да ги запознае своите деца со работата на организациите што им помагаат на бездомниците.

Вилијам (43) и Џорџ активно учествувале во подготовките за божиќниот ручек во центарот „The Passage“ во Викторија, Лондон, каде што им помагале на корисниците на оваа добротворна организација.


За време на посетата, таткото и синот подготвиле пакети со помош и ја украсиле новогодишната елка.


Мик Кларк, извршниот директор на „The Passage“, кој го прошетал младиот принц низ центарот „Сент Винсент“ во центарот на Лондон, го запознал со кампањата, чија цел е да се спречи некој да помине дури и една ноќ на улица преку пружање рана поддршка на оние на кои им е потребна.


„Му кажав дека неговиот татко е вклучен во работата на The Passage веќе долги години. Неговата баба, принцезата Дијана, го донесе Вилијам тука кога беше на возраст приближно колку Џорџ“, изјавил Кларк.

„Му објаснив дека денес ќе помогне во подготовката на божиќниот ручек, кој е исклучително важен бидејќи е наменет за луѓе кои овој Божиќ можеби немаат место што можат да го наречат дом. Му реков, време е да ги засукаш ракавите и да се вклучиш. Беше целосно подготвен. Навистина. Многу личи на татко му, само сакаше веднаш да се фати за работа, што беше прекрасно да се види“, додал Клар.


Вилијам и Џорџ, исто така, помогнале во поставувањето на масите, украсени со божиќни крекери во боите на нивниот омилен фудбалски клуб Астон Вила, а потоа ѝ се придружиле на главната готвачка Клодет Докинс во подготовката на ручекот што бил послужен подоцна истиот ден.

Вилијам станал покровител на „The Passage“ во 2019 година, повеќе од три децении откако со оваа лондонската организација го запознала неговата покојна мајка, Дијана, принцезата од Велс.


Низ годините, тој повеќе пати ја посетувал оваа организација, а кога неговата улога како покровител беше официјализирана, тој истакнал колку тие посети оставиле силен белег врз него:

„Посетите на ова место во моето детство оставија длабок и траен впечаток врз мене, за тоа колку е важно секој во нашето општество, особено најсиромашните, да бидат третирани со почит, достоинство и љубезност, и да им се дадат можности да го реализираат својот потенцијал“, изјавил принцот Вилијам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk