[ФОТО] Популарната Саманта се омажи за 14 години помлад, па ужива на меден месец – се соблекла по бикини и изгледа како милион долари

Кармин

17/12/2025

09:03

1.416

Големина на фонт

а а а

Актерката Ким Катрал (69) се омажи за долгогодишниот партнер Расел Томас (55) на 5 декември. Интимната венчавка во Лондон била проследена со елеганција и љубовна приказна која трае девет години. Сопружниците моментално се на меден месец.

Тие се одлучиле за еден од најлуксузните хотели, „One & Only Reethi Rah“, одморалиште со шест ѕвезди кое се наоѓа на Атолот Каафу. Коралниот остров е долг 1.800 метри, широк околу 500 метри и има необична форма.

Судејќи според снимките, ова е вистински тропски рај. Актерката сето тоа го „зачинила“ со своите заводливи фотографии, а многумина се согласиле дека изгледа фантастично, исто како кога стана ѕвезда на култната серија „Сексот и градот“ каде што се прослави со улогата на развратната Саманта.


Љубов која започнала со порака

Ким и Расел се запознале во 2016 година на „Би-Би-Си“, кога актерката била гостинка во емисијата „Женски час“. После тоа: тој ја следел на „Твитер“ (X), ѝ испратил порака во нејзиното сандаче и врската природно почнала да се развива.


„Времето беше совршено. Беше многу модерно и едноставно и некако правилно“, изјавила претходно Ким за почетокот на нивната врска.

Расел, кој работи како аудио-инженер, набрзо потоа отпатувал во Канада за подобро да ја запознае.

„Беше храбро од негова страна, но се сложувавме одлично. Оттогаш сме неразделни“, открила Ким за „Пипл“.


Овој пар постојано нагласуваше колку се благодарни еден на друг. Ким со гордост вели дека има „прекрасна и нежна врска“, што ѝ носи мир, поддршка и радост, а сега ја крунисаа со брак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk