Руни со жесток тон застана во одбрана на Арсенал: Да бев на местото на Артета…

Дерби

09/03/2026

15:04

611

Големина на фонт

а а а

Арсенал е лидер во Премиер лигата и има седум бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити, па иако тимот на Микел Артета цврсто чекори кон титула за која чека повеќе од две децении, тимот на шпанскиот стручњак наидува на многу критики во јавноста.

Фабијан Хирцелер како менаџер на Брајтон ја разбранува јавноста со серијата негативни коментари кои ги даде за играта на Арсенал, а во јавноста на големо се зборува и за валканите корнер тактики на „топчиите“ од кои профитираат цела сезона.

Легенди како Питер Шмајхел, Пол Сколс и многу други најдоа доста забелешки за стилот кој го негува лидерот на табелата, но Вејн Руни смета дека таквите поплаки се нерезонски, особено во ситуација кога Арсенал е тимот кој најчесто победува и кој најмалку прима голови.

– Слушам многу луѓе како зборуваат лошо за Арсенал, за тоа како играат, но за мене тие се брилијантни оваа сезона. Фудбалот се игра на различни начини, нема јасна дефиниција за тоа каков стил треба да негувате. Манчестер Сити имаше периоди кога играше неверојатен фудбал, истото важи и за мојот тим на Манчестер Јунајтед.

– Сепак, до победа се стигнува на различни начини. Арсенал има добар микс, имаат искусни фудбалери кои знаат како да постигнуваат голови, а од друга страна, многу често го сочувуваат голот. Уживам да го гледам Арсенал оваа сезона. Исто така, прекините и корните се дел од играта, зошто да не користите нешто во што сте многу добри. Тие вметнуваат многу играчи во шеснаесетникот, а ако противниците не се доволно паметни да пронајдат против игра, не гледам зошто Арсенал не би продолжил да го прави тоа што го прави.

– Да бев на местото на Артета, ќе форсирав уште повеќе игра преку прекини. Тоа е дел од фудбалската игра и навистина ми се допаѓа како го прават тоа. Не би променил ништо од актуелниот Арсенал. Можеби не постигнуваат голови од игра колку што сакаат, но конечниот резултат се уште е многу добар за нив, – изјави Руни.