Ширер за ѕвездата на Челси: Многу добар играч, ама…

Дерби

10/03/2026

07:43

390

Големина на фонт

а а а

Жоао Педро од оваа сезона го носи дресот на Челси и во моментов е играч кој е во најдобра форма во оваа екипа, па менаџерот Лиам Росениор го стави напаѓачот на исто ниво со Ерлинг Халанд и Хари Кејн.

Ова беше огромен комплимент за Бразилецот со оглед на статистиките на Халанд и Кејн, меѓутоа според легендарниот Алан Ширер тие споредби во моментов не се реално иако цени тоа што членот на „сините“ го прави во овој момент.

-Тој е многу добар играч, има одлична способност за давање голови. Кога влезе (против Рексам во ФА Купот), беше на ниво над сите. Тој се издвојуваше многу само со својата способност, рамнотежа, допир и техника, сите тие работи, -истакна Ширер кој запрашан дали може да се стави во иста реченица со најдобрите светски напаѓачи, тој кратко одговори:

-Не би го ставил во таа група, не, -порача рекордерот по дадено голови во ПЛ.