Бура во Барселона: Лапорта дрско му возврати на Чави и направи брутална споредба меѓу него и Флик!

Дерби

09/03/2026

14:54

512

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес го искористи интервјуто за „Ла Вангардија“ за да испрати остар напад кон Жоан Лапорта и неговото владеење во последните неколку години, откривајќи ја од една страна својата приказна за начинот на кој заработи отказ, но и начинот на кој претседателот сопрел веќе договорен кам-бек на Лео Меси на „Камп Ноу“.

Поранешниот тренер на Барса посочи дека Лапорта добро ја манипулира јавноста и дава лажни изјави за тоа како завршиле епизодите „Чави“ и „Меси“, па во ситуација кога бомбастичното интервју на легендарниот капитен стана исклучително популарно, Жоан доби шанса многу брзо да одговори.

Рано утрово, Лапорта имаше дуел со својот против кандидат Виктор Фонт, човек кој во овие претседателски избори добива поддршка токму од Чави кој очигледно го искористи последното интервју за да му го наруши угледот на долгогодишниот мандатар.

– Да бидам искрен, изненаден сум од изјавата на Чави, но исто така и повреден. Како прв човек на Барселона мора да носите тешки одлуки, а тешка одлука беше да му се врачи отказ на Чави. Праксата покажа дека бев во право, со Чави ќе продолжевме да губиме.

– Сфаќам дека е повреден, но тој со истите играчи губеше, а Ханси Флик победува. Исто така, ме боли што дозволува да биде искористен од Виктор Фонт за да ми нанесе штета на мене. Исто така, го нападна и Алехандро Ечеварија кој заедно со Јусте беа оние кои секогаш го бранеа Чави. Очигледно е дека Чави сака да ме оцрни пред изборите, дозволи да биде искористен од Виктор Фонт кој стои зад цело ова дело, – порача Лапорта.