Хрватот го „изора“ цел терен на 40 години: „Топлинската мапа“ на Модриќ ја споделува цела Италија

Дерби

09/03/2026

14:52

984

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ е клучен фактор во Милан од првиот ден кога го облече дресот на италијанскиот великан, па иако многумина прогнозираа дека Хрватот доаѓа на „чизмата“ за да одмори и полека да влезе во фудбалска пензија, славниот маестро многу брзо ги затна устите на сите критичари и песимисти.

Легендарниот фудаблер на Реал Мадрид покажува дека прави разлика на теренот и во петтата деценија од животот, а најнов доказ за такво нешто добивме и вчеравечер во големото „Дерби дела Мадонина“.

Модриќ победи на второто дерби кое го одигра против Интер и се израдува на победа од 1:0 во друштво на своите соиграчи, па во ситуација кога му се поклонија и легенди како Дел Пјеро и Кака, италијанската јавност на големо ја споделува и неговата „топлинска мапа“ од вчерашниот меч.

Лука буквално го изора теренот на „Сан Сиро“ и целосно издоминира во средниот ред заедно со Рабио, а „топлинската мапа“ која најдобро го прикажува неговото движење е навистина фасцинантно за играч кој има 40 години.

За да биде уште подобро, Модриќ режираше вакво издание пред голем број свои пријатели, бидејќи во пресрет на дербито обезбеди 60 билети за најблиски луѓе кои побарале од него да го гледаат во живо дербито против Интер.