Валериј Синељников е еден од највлијателните руски психотерапевти и мотиватори, а неговите цитати и приказни често се споделуваат и прераскажуваат. Тој е голем поборник на идејата дека нашите мисли и зборови ги обликуваат нашите животи.
Исто така, инсистира на тоа дека човек мора да научи да се сака себеси, да си ги простува грешките, но и постојано да работи на себе и да го исправи она што во него не е добро.
Ова се 10-те најмоќни цитати на Валериј Синељников, најпознатиот руски психотерапевт и мотиватор:
1. Некогаш навистина знаевме да живееме. Кога бевме деца. Верувавме во бајки. Не се сомневавме во ништо. Можевме да кажеме сè што сакаме пред целиот свет. Но постепено нè маѓепсаа и нè претворија во роботи. Живејте и играјте се како деца. Сетете се како и Исус Христос рече: „Ако не сте како децата, нема да влезете во царството небесно“. Внимателно набљудувајте го однесувањето на детето — тоа ќе најде причина да се игра секаде и во сè. А ние возрасните само му пречиме во тоа. Сè сфаќаме премногу сериозно. Мислиме дека светот е ограничен и дека во него нема ништо ново и интересно. Мислам дека целиот проблем е во тоа што возрасните заборавија дека светот е голема мистерија. А она што го гледаме во својот живот е далеку од сета реалност — незамислива и бескрајна во секој момент. Престанавме да се третираме себеси и светот како мистерија. И тоа е главната грешка на возрасните.

2. Првата и најважна причина за недостаток на љубов кон себе и кон светот околу себе е тоа што многу луѓе зад зборот „љубов“ кријат такви слики и мисли што немаат никаква врска со љубов.
3. Ако сакам моите деца да бидат среќни, тогаш и јас морам да бидам среќна личност.
4. Ние сме тие што го создаваат влијанието на околностите врз самите себе, давајќи им некакво значење. Во исто време, влијаеме и врз светот околу нас, опишувајќи ги со зборови чувствата и постапките на другите луѓе.
5. Ако она што ми се случува во животот целосно се совпаѓа со тоа што мислам и како зборувам, тогаш со промена на моите мисли и она што го кажувам ќе се промени и мојот живот и светот околу мене.
6. Лошиот и искривен јазик ги ограничува нашите животи и ги уништува нашите шанси за среќа и успех.

7. Еден од начините да почнете да се сакате себеси е да престанете да се осудувате. На крајот на краиштата, секое ваше однесување е избор на најдобрата достапна опција во дадениот момент. Тука е на сила законот на најдобриот избор.
8. Сите ние сме ученици во Божјото училиште, во училиштето на животот. И минуваме низ нашите лекции. Ако од животните ситуации извлечеме позитивни поуки, ако се надминеме себеси, можеме да преминеме на ново ниво на развој. Ако не сакаме да ја трпиме судбината и да го прифатиме животот каков што е, ако не сакаме да се поправиме, тогаш животот нè фрла на ѓубре.
9. Излегува дека сè е многу едноставно: ако сте направиле нешто, го добивате резултатот од тоа (а не казна). Не ви се допаѓа резултатот? Променете го вашето однесување. И менувајте го сè додека не го добиете саканиот резултат. Го добиваме следниот синџир: однесување – резултат; ново однесување – нов резултат.
10. Важно е да се научи не само да се дава, туку и да се прифаќаат подароци. Светот околу нас е приспособен на нас, на нашите мисли и желби. Во секој момент сака да ни помогне. Но, таа помош често или не ја забележуваме, поради сопствената суета, или ја одбиваме.









