Грозницата која ја следи популарната серија на „Netflix“ („Stranger Things“), пристигна и во регионот.
Фигурите од киндер јајце станале голем хит и се појавуваат на разни огласи. Оние најретките достигнуваат цена од околу 4.500 денари, па станале вистинска колекционерска скапоценост.
Станува збор за колекцијата настаната во соработка со брендот „Funko Pop“ која предизвикала огромен интерес кај обожавателите во светот. Додека многу на социјалните мрежи разменуваат фигури за да ги комплетираат своите сетови, една се издвојува како невозможна мисија. Ликот на Вил Бајтерс, момчето чие исчезнување го иницира сценариото на првата сезона, е исклучително редок. На тоа се жалат и фановите од регионот.
Цените одат до небо
Токму таа реткост ги поттикнала сопствениците на таа фигура да ја понудат онлајн. На „eBay“ кон крајот на ноември оваа фигура била продадена за 4.400 денари.

„Дури го контактиравме Киндер и прашавме дали Вил е редок затоа што неверојатно малку го има. Одговорија дека „сите се избрани без сомнеж и дека тој навистина е вклучен во колекцијата“, но ниту потврдија ниту демантираа различни наводи“, навел еден корисник.
Во Босна и Херцеговина фигурите варираат од 1.800 до 4.400 денари. Иако продажбата на колекционерските раритети не е новост, факт е дека малата играчка од чоколадното јајце достигнува цена и ја потврдува силата на глобалната колекционерска страст кога се спојува популарната франшиза и ограничена серија на производи.








