„Temu“ е меѓународна онлајн платформа позната по исклучително поволни производи што доаѓаат директно од кинески производители и дистрибутери. Иако сајтот стана популарен ширум светот, често е мета на критики – особено поради маркетингот кој ветува многу повеќе отколку што купувачот на крајот добива.
Вирална реклама која го збуни интернетот
На Инстаграм се појави спонзорирана објава која привлече глобално внимание. Фотографијата прикажува огромни спирални скали од сребрено стакло, украсени со кристални нишки и сјајни детали. Делува како луксузна, речиси футуристичка инсталација.
Ваквата објава брзо заврши на Х (поранешен Твитер), каде корисниците почнаа да се прашуваат како овој „украс“ изгледа во реалноста. Тие што порано нарачувале од „Temu“ веднаш се посомневаа дека станува збор за оптичка илузија.

Во коментари се нижеле реакции како: „Сака ли да го купи ова некој, чисто да провериме како изгледа“, „Ме плаши како ова изгледа во живо“, „Дали е ова сценографија за Евровизија?“.
Вистината е – „џиновски“ скали кои ги собира на дланка
Кога купувачите конечно споделија фотографии од производот, се покажа дека „монументалната кристална конструкција“ всушност е минијатурна декорација – толку мала што ја собира на нечија дланка. На мрежите продолжија шеговитите коментари:
„Кој и да го купил ова, фала ти што се жртвуваше за сите нас“, „Всушност изгледа симпатично“, „Ништо не е онака како што изгледа“, „Сега ќе го купам од инает“.
Apparently this is what I will get 🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/dNFWw0ZEUz
— 🌸 (@PinketteXO) December 9, 2025
Реакциите не престануваат
Додека корисниците се шегуваат на сметка на кристалните скали, оригиналната „Temu“ фотографија надмина четири милиони реакции и продолжува да се шири на социјалните мрежи како еден од најновите примери за разликата помеѓу реклама и реалност.








