[ВИДЕО] Двајца натпреварувачи изгубија во „Листа за 300“ бидејќи одбија да кажат „Северна Македонија“: „Не го кажуваме тоа“

Точка

11/12/2025

10:38

2.028

Големина на фонт

а а а

Лука и Калин, двајца млади натпреварувачи во квизот „Листа за 300“ на ТВ Сител одбија да го изговорат терминот „Северна“ за „Северна Македонија“, поради што останаа без поен.

Во делот од играта кога требаше да наведат држави чиишто имиња ја содржат буквата „С“, наведоа повеќе земји, но им беа потребни уште неколку за да ја завршат задачата. Иако се очекуваше да го кажат официјалното име Северна Македонија, тие одбраа да не го направат тоа.


„Не го кажуваме тоа“, кажа едниот од нив, а еден од учесниците во противничкиот тим им честиташе за ваквиот потег.

Овој момент од квизот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

„Браво, така се сака и брани Македонија“, „Секоја чест“, „Почит за момците“, гласат дел од коментарите на видеото.