[ФОТО/ВИДЕО] Кучето Ози влезе во Гинисовата книга на рекорди: Има најдолг јазик од сите кучиња во светот

Точка

11/12/2025

20:00

212

Големина на фонт

а а а

Кучето Ози, мешавина од мастиф од Оклахома е запишано во Гинисовата книга на рекорди како куче со најдолг јазик во светот.

Симпатичниот четиригодишен Ози има јазик долг 19,89 см, надминувајќи го претходниот рекордер, Роки од Илиноис чиј јазик е долг 12,7 см.

Должината на јазикот се мери од врвот на муцката до крајот на јазикот.

Сопственичката на Ози, Анџела Пик, изјавила дека неговиот ненормално долг јазик не му предизвикува никакви проблеми.


„Јазикот отсекогаш му штрчел од устата, уште од раѓањето, но медицински нема ништо спорно. Ветеринарите повеќе пати го прегледале – нема проблеми со забите или нешто друго – само е необично, несмасно долг“, рекла Пик за Гинисовата книга на рекорди.

Сепак, поради толку долгиот јазик, Ози не може баш да се оближе себеси или да ги лиже другите.


„Тој доаѓа до твоето лице, се гали и те допира со муцката, но не ги лиже работите“, рекла Пик.

Ќерката на Пик, Микинсли, го нарекла Ози свое „златно дете“.


„Ми се допаѓа што моето куче ги насмевнува сите кога некој има лош ден. Многу ми е мило што сите го сакаат моето куче“, изјавила Микинсли.

Инаку кучето Ози го добило името по Ози Озборн, бидејќи сопругот и синот на Пик се големи обожаватели на неговата музика.