Гвардиола: Сити е далеку од освојување на титулата во ЛШ

Дерби

11/12/2025

12:51

186

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити го доби дербито со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, позитивен резултат со кој „граѓаните“ дојдоа до четвртото место на табелата со можност дополнително да напредуваат затоа што во завршните две рунди играат со Бодо Глимт и Галатасарај, средби на кои ќе ја имаат улогата на фаворити.

Меѓутоа и покрај славјето на „Бернабеу“, тренерот Пеп Гвардиола не го гледа својот тим како ја освојува титулата во Лигата на шампионите, барем не во овој момент и форма.

- Далеку сме, се уште не сме подготвени. Во февруари ќе бидеме подобри. Тука сме биле и во минатото, игравме повеќе од денес, и сме губеле. Понекогаш таков е фудбалот. Играчите вложија неверојатен напор, резултатот беше неверојатно добар, духот е неверојатен, но сепак има простор за подобрување, - истакнал Пеп.

- Можеше да биде подобро. Секако, да се победи на Бернабеу е многу тешко. Четири, пет, шест играчи го одиграа својот прв натпревар тука, па можеби не сме целосно подготвени да играме во овие фази какви што сме, но тоа е процес и има многу нови играчи.

- Со победата тука, морам да бидам среќен, особено во однос на бодовите. Веќе имаме 13, па во наши раце е да завршиме меѓу првите осум. Тоа е целта. Победата тука, по она што се случи во Леверкузен, беше добра, - дополни Шпанецот.