Шпански клуб се посрамоти: Игра во ЛШ, а ја пушти химната на Лига Европа

Дерби

11/12/2025

12:50

164

Големина на фонт

а а а

Шпанија секогаш имала клубови кои достојно ја претставувале својата земја во европските натпреварувања, но понекогаш има исклучоци и најдобар пример за тоа во оваа сезона е Вилјареал.

Тимот кој блеска во Примера и е на третото место зад Барселона и Реал Мадрид игра катастрофално во Лигата на шампионите каде има освоено само еден бод на шест натпревари.

„Жолтата подморница“ не успева да излезе на крај ниту со екипи како Пафос и ФК Копенхаген, аутсајдери во ова натпреварување, но воедно два клуба кои го добија Вилјареал со 1-0 и 3-2.

Се некакоо изгледа дека клубот од Пиринеите сака што побрзо да ја заврши оваа епизода во елитната конкуренција, а уште една потврда за тоа е големата грешка која беше направена пред вчерашниот меч со Копенхаген каде наместо химната на ЛШ ечеше онаа на Лига Европа.