Во југоисточна Србија се наоѓа ни помалку ни повеќе туку мала Венеција. Дали знаете за кое место станува збор, а истото го нарекуваат и српската Венеција.
Лежи на три реки
Станува збор за гратчето од околу 16.000 жители, а во старата чаршија има куќички кои потекнуваат од периодот на Турците.

Градот лежи на три реки, а поради своите седум мостови и стилот на градење го нарекуваат по познатиот италијански град. Името го добил по Књаз Милош Обреновиќ, а станува збор за градот Књажевац.
Ова место во југоисточна Србија има и уредени шеталишта покрај реката, како и градски парк којшто од 1955 година го проектирал архитектот Богдан Богдановиќ.
Има и гондоли
Иако сега тоа е поретко од порано и натаму може да се забележи по некоја гондола која плови по реките кои течат низ градот.

Књажевац ја добил титулата исклучителна дестинација во Европа, а поради близината на другите туристички центри последните години е многу посетен од туристи. Имено, во близина е Старата планина и познатиот видиковец Бабин заб. Тука е и Ниш и Нишката бања.
Оние кои ќе го посетата Књажевац можат да уживаат и во гастрономската понуда од која се издвојуваат локалните специјалитети како што се сушена пастрмка, гулаш...













