Адријана Лима пред две вечери беше специјална гостинка на церемонијата на затворањето на Модната недела во Мадрид, познатата манифестација која траеше од 14 септември. Завршната вечер беше резервирана за доделување на наградите, а бразилската манекенка го додели признанието за најдобар модел.
Познатата Адријана Лима ја долови моќта на долгата црна тоалета. Фустанот со гол грб, украсен со ленти и спој на едноставен дизајн и разиграни детали, одлично ѝ прилегаше на оваа модна ѕвезда. Високо подигнатото опавче веќе сме го гледале и порано кај оваа Бразилка, па овој стил се издвојува како една од нејзините омилени фризури.

Адријана Лима (44) изгледа како на почетокот на својата кариера. Таа ги победи вишокот килограми што ѝ ги донела третата бременост, а таа трансформација влијаела врз нејзиниот целокупен изглед. Претходно остро и несоодветно ја критикуваа поради килограмите и наводно ботоксираното лице.
На таквите коментари одговараше со тврдење дека нејзиниот изглед е одраз на уморот со кој се соочува како мајка, додека во интервју за „Vogue“ истакнала дека тешко ја поднела третата бременост. За потсетување, манекенката во август 2022 година го доби синот Сајан со сопругот Андре Лемер. Таа е мајка и на тинејџерките Валентина (16) и Сиена (13), кои ги има од бракот со Марко Јариќ.

И додека едни се воодушевија од нејзината трансформација, други и сега ја критикуваат, тврдејќи дека ботоксот и некои други естетски корекции се заслужни за ваквиот изглед. Познато е дека Лима многу внимава на исхраната и дека тренира речиси како професионален спортист.
Се споменуваше дека ослабела 20 килограми, а впечатокот е дека тој број во меѓувреме се зголемил.

Со Адријана Лима беше Ана Антиќ, ќерката на легендарниот фудбалски тренер и селектор Радомир Антиќ. Познатата наследничка беше една од најдобро стилизираните на црвениот тепих во Мадрид, што и не е чудно бидејќи со години работела како стилистка на светски ѕвезди.
Ана носела здолниште со висок струк и шлиц по целата должина, во комбинација со свилена кошула, едноставни сандали и чанта со светкави детали.
Антиќ била членка на модниот комитет кој одлучувал за победниците на Модната недела во Мадрид, додека Адријана Лима ѝ ја доделила наградата за најдобар модел на Рол Шрадер.
Познатата Бразилка ја поврзува долгогодишно пријателство со Ана Антиќ, која ја смета за своја најдобра пријателка. Ќерката на Радомир Антиќ во интервју изјави дека славната манекенка ѝ е како сестра, пренесува „Blic žena“.



















