[ФОТО] Деколтето до папокот го украде вниманието: Латино дивата уште еднаш докажа зошто е една од најзгодните жени во светот

Точка

16/09/2026

09:56

1.587

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез ја видовме во сите можни изданија, но секојпат успева да воодушеви со она што ќе го облече.

Џенифер Лопез секогаш ги радува своите обожаватели кога објавува нови фотографии на социјалните мрежи, па и овојпат не беше исклучок. Нејзините лежерни изданија привлекуваат најголемо внимание, а во текот на летото ја видовме токму во такви, и ден по ден воодушевуваше со изборот.


Летото завршува, но познатата Џеј Ло не се откажува од лежерните парчиња, ниту пак од својата извајана фигура на тело, па на една од фотографиите позираше во широка бела кошула и широки бели панталони кои го истакнаа нејзиниот струк.


Како што се очекуваше, деколтето привлече најголемо внимание, бидејќи немаше ништо на себе под кошулата.

Со раскопчана кошула, златен накит, златна чанта и кожен мантил, таа уште еднаш покажа зошто е меѓу најдобро стилизираните познати дами, а со селфи во огледало, како и други публикации, повторно ги израдува милионите обожаватели ширум светот.