[ВИДЕО] Кинезинка покажа како ги „преживува“ зимите на Балканот: „Го греам задникот и пијам ракија“

Точка

10/12/2025

18:49

878

Големина на фонт

а а а

Ичен Јовановиќ, Кинезинка која се омажила за Немања од Србија пред пет години и оттогаш живее таму, ги воодушевила своите следбеници со нејзиниот хумор.

Во кратко видео што го објавила на социјалните мрежи, таа покажала како изгледа нејзиниот „ритуал за преживување на балканска зима“, а видеото стана вирално за помалку од пет дена, собирајќи повеќе од 1,2 милиони прегледи.

„Како ја преживувам зимата на Балканот“, Ичен го започнала видеото со смеа. „Прво, внимавам на провев… Потоа ја ставам блузата во пантолони“, рекла таа додека ја ставала маицата во долниот дел од тренерката, користејќи збор што многумина во Србија не го чуле од детството („упашем“). Потоа додала: „Задолжително облекувам волнени чорапи“, покажувајќи ги.


Ракијата не се прескокнува

Ако, како што рече, сè уште ѝ е ладно, има решение кое ги воодушевило сите следбеници: „Го греам задникот покрај шпоретот“, рекла Ичен и се насмеала. На крајот од нејзиниот зимски водич, се наоѓа неопходен „лек“ од Балканот: „Последниот чекор – правам топла ракија. А ако една не е доволна, пијам три!“.

Видеото предизвика лавина од реакции, а коментарите беа полни со симпатии и смеа. „Многу симпатична девојка“, „Дали научи и сарма да правиш?“, „Одлично зборуваш српски, браво за твојот труд“, „Со ова стана вистинска Балканка“, „Каде го најде зборот „упашем“? Слатко ме насмеа“, се само некои од стотиците позитивни коментари што ги добила.


Се венчале во Кина, а потоа во Србија

Ичен и Немања се запознале во Кина, каде што тој предавал англиски јазик. Се заљубиле, почнале да се забавуваат и на крајот се венчале таму. Кон крајот на 2022 година, тие решиле да се преселат во Србија, каде што Ичен потоа го родила нивното прво дете. За да можат да се венчаат во Србија, Ичен била крстена во православна црква, што било пречекано со воодушевување и од нејзиното и од неговото семејство.

Иако доаѓаат од различни култури, тие тврдат дека никогаш не наишле на никакви пречки и дека од самиот почеток нивните семејства им пружаат голема поддршка. А судејќи според бројот на прегледи и реакции на социјалните мрежи, Ичен со својот шарм го освоила целиот Балкан.