[ФОТО] Тука има најмногу туристи на светот: Натрупаната дестинација е земја која ја обожаваат и Македонците

Точка

10/12/2025

11:56

1.900

Големина на фонт

а а а

Со вкупен број од околу девет милиони жители, Австрија годишно угостува приближно 32 милиони меѓународни посетители. Најголем дел од туристите се фокусираат на нејзиниот главен град, Виена.

Многумина кога ќе помислат на метежот од туристи веднаш се сеќаваат на Шпанија, Франција или Грција, но титулата најпосетена земја на светот во однос на бројот на жители ја носи Австрија.


Истражувањето кое го спровел „MoneyTransfer.com“ покажало дека Австрија има најмногу туристи по глава на жител, што оваа земја ја сместува на врвот од листата.

Позната како градот на соништата, Виена привлекува посетители со својата барокна архитектура, историски знаменитости и живописен ноќен живот. Меѓу најпопуларните атракции се издвојува палатата Schönbrunn, државната опера на Виена и Природниот музеј. Градот исто така е омилена дестинација и меѓу Македонците.

Иако Виена навикнала на големиот број на туристи, сѐ поголемата популарност во малите австриски градови почнува да создава проблем затоа што многу од тие места не се опремени за толкав број на посетители.

Најдобар пример за тоа е Халштат, сликовито гратче познато по идиличните алпски куќички, водопади и солени езера, сместено под снежните планински врвови.


Неговата популарност нагло се зголемила откако се проширила приказната дека Халштат послужил како инспирација за кралството во анимираниот цртан на „Disney“ – „Frozen“.

Ова гратче е под заштита на УНЕСКО, а со речиси 800 постојани жители, годишно угостува над милион туристи.

Пред пандемијата низ неговите тесни улички дневно поминувале и до 10.000 посетители, што ги навело локалните власти да се обидат да воведат мерки за намалување на метежот.