Британската пејачка Џеси Џеј (37) се расплакала за време на својот настап во Лондон, додека ја изведувала песната „Comes in Waves“.
Имено таа открила дека го изгубила своето бебе пред четири години и дека оваа песна ја посветила токму на тој тежок период од својот живот.
„Денес се навршуваат точно четири години откако го изгубив моето бебе. Не знам дали некој од вас поминал низ нешто слично, но ако сте поминале или познавате некого што поминал низ тоа, знаете колку е … тешко“ искрено ѝ рекла на публиката.
„Тоа е нешто за кое никако не можете да се подготвите. Оваа песна е за сите што поминале низ тоа. Се надевам дека ќе ви помогне“, додала Џеси.
Песната „Comes in Waves“ содржи трогателен текст: „Доаѓа во бранови, како да се давам во љубовта по која копнеам, што ми ја даде. И мразам колку ми недостига иднината што никогаш не ја создадовме“.
Потсетуваме во ноември 2021 година, на својот Инстаграм профил таа откри дека одлучила сама да има дете, но и дека, за жал, за време на третиот ултразвук, открила дека срцето на бебето престанало да чука.
Две години по таа тешка загуба, во мај 2023 година, Џеси и нејзиното момче Чанан Сафир Колман го добија синот, Скај.










