Ријана (37) на својот Инстаграм споделила ретки фотографии од своето семејство, давајќи им на обожавателите увид во приватните моменти поминати на нејзиниот роден Барбадос.
Поводот бил Денот на независноста, кој се одбележува на 30 ноември, а на фотографиите се нејзините синови РЗА и Риот, партнерот АСАП Роки, како и спомени од времето кога била бремена со најмалата ќерка Роки.
Честитка за татковината
Во емотивна објава, Ријана честитал на својата татковина. „Честитам на Барбадос, МОЈОТ ДОМ, за нашата 59-та година независност и нашата 4-та година како Република!“, напишала таа, оддавајќи признание и на претседателот Џефри Бостик и на премиерката Мија Мотли. „Барбадос, ТЕ САКАМ!!!!“, додала пејачката.
Фотографиите откриваат идилични семејни сцени. На една од нив, тригодишниот РЗА седи во нејзиното крило и љубопитно го набљудува парчето шеќерна трска. Друга фотографија прикажува спомен од времето кога била бремена, а на неа позира со партнерот АСАП Роки и РЗА на тревникот.
Ријана исто така споделила фотографија на која гордо го покажува трудничкиот стомак во бикини на балкон со поглед кон океанот. На уште една емотивна снимка, таа шета покрај базенот држејќи го РЗА за рака и носејќи го двегодишниот Риот, исто така истакнувајќи го стомакот во кратки панталони и горен дел од костимот за капење.
Нов член на семејството
Да потсетиме, Ријана и раперот АСАП Роки (36) на 13 септември го добија своето трето дете, ќерката Роки, а среќната вест пејачката ја потврдила на Инстаграм на 24 септември. Нејзиното прво јавно појавување по породувањето беше на 3 ноември на доделувањето награди „CFDA“ во Њујорк, каде дошла да го поддржи својот партнер, кој на настанот доби признание.










