Фотографија од Мис Југославија на пат за Токио ги освои социјалните мрежи: „Тоа беше убавина без силикони и ботокс...“

Кармин

01/12/2025

09:33

939

Големина на фонт

а а а

„Ќе остане запаметена по убавината и добрината“, „Имав чест да ја запознам, ме обзеде со убавината и топлиот поглед“, „Ја обожавав и ѝ се восхитував“, коментирале луѓето на фотографијата објавена на Фејсбук од поранешната Мис Југославија.

Фотографијата била направена на аеродром, пред тргнувањето за Токио каде нејзината убавина е навистина нереална. Популарната Злата Петковиќ не се заборава.

Српската актерка, како и поранешна Мис Југославија, Злата Петковиќ, починала на 3 декември 2012 година во Белград на 58-годишна возраст. Нејзините улоги се паметат, но исто така се памети и нејзината посебна убавина, дамски имиџ, харизма.

„Тоа беше убавина без силикони и ботокс, а сега сѐ повеќе личат една на друга, ни родените мајки не ги препознаваат“, луѓето и вака ја коментирале убавината на актерката, родена на 11 февруари 1954 година.

Nakon što je postala Miss Jugoslavije 1971.


17-godišnja Zlata Petković kreće sa surčinskog aerodroma na izbor za Miss Sveta.

Posted by Ovo je Beograd on Sunday, December 22, 2024

Таа се школувала во Смедерево и Загреб, а во 1970 година кога имала само 18 години, ѝ било понудено да учествува на изборот за најубава тинејџерка во Југославија односно во Загреб каде била избрана за прва придружничка по што отишла на светскиот избор за најубава тинејџерка во Токио каде ѝ била доделена наградата круна за Мис фотогеничност.

Првата улога ја остварила во филмот на Милан Јелиќ „Бубашинтер“. Студирала ФДУ во Белград. По студиите режисерот Александар Ѓорѓевиќ ѝ понудил улога во филмот и серијата „Отпишани“ кои ја одбележале српската кинематографија. Глумела и во многу други познати српски филмови.

Била позната и по прекрасниот глас, а во 1980 година работела и како ТВ-водителка на емисијата „Фолк парада“ заедно со Предраг Гуне Гојковиќ и Предраг Живковиќ Тозовац.

Починала седум дена откако доживеала мозочен удар. Била венчана за популарниот композитор Александар Саша Илиќ со којшто го има синот Андреја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk