Манчестер Јунајтед наводно е подготвен да продаде дури 11 фудбалери, што Рубен Аморим ги отпишал. Изненадување е што на листата, барем така тврдат англиските медиуми, се наоѓа и еден од недопирливите, капитенот Бруно Фернандеш.
Евертон ја прекина серијата од пет натпревари без пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во понеделник вечерта.
Иако Идриса Геје беше исклучен поради старт врз соиграчот Мајкл Кин, по само 13 минути игра, голот на Дјусбери-Хол им ја донесе победата на „Карамелите“.
По натпреварот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа исвиркани од навивачите за нивната ужасна игра и пораз.
Манчестер Јунајтед моментално е на 10-то место на табелата во Премиер лигата, а како што стојат работите, се подготвуваат големи промени во ростерот.
Според „Сан“, Манчестер Јунајтед сака да го освежи редот за врска, во летниот преоден рок. Тие трансфери клубот би ги финансирал од продажба на фудбалери.
Англискиот дуо Адам Вортон и Елиот Андерсон се на врвот на листата на желби на Рубен Аморим, заедно со Карлос Балеба од Брајтон. Исто така, Јунајтед сака да донесе уште еден голман и играч на крилната позиција.
Јунајтед ги разгледува сите опции поради неизвесноста околу иднината на капитенот Бруно Фернандеш и Коби Меину.
Се тврди дека Бруно Фернандес би можел да се приклучи на друг клуб следната сезона, а Манчестер Јунајтед би требало да заработи околу 65 милиони евра.
Тој претходно изјави дека нема да донесе одлука за својата иднина додека не заврши Светското првенство следното лето.
На трансфер листата на Манчестер Јунајтед се наоѓаат и Мануел Угарте, Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Касемиро, Џејдон Санчо, Хари Магваер, Алтај Бајиндир, Џошуа Зиркзе и Тајлер Маласија.
Манчестер Јунајтед, следниот викенд играат против Кристал Палас на „Селхерст Парк“ во Лондон.









