Поранешен директор на Барселона: Продажбата на Јамал нема да биде трагедија

Дерби

28/11/2025

11:43

1.433

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал се претвори во голема ѕвезда на Барселона и шпанскиот фудбал, но поранешен директор на каталонскиот клуб смета дека мора да го промени однесувањето.

Тони Фреиша гостувал во емисијата „Ел Чирингито“ и зборувал на тема Јамал, при што потенцирал дека крилниот напаѓач мора да биде приземјен и да работи напорно.

– Ако Ламин беше мој син, ќе му кажев дека не е толку добар како што се зборува.

– Нека продолжи да работи напорно и нека не верува во ништо што му кажале, мора да се концентира само на фудбалот.

– Ако има проблем со кој се соочува, треба да му се помогне. Но, хипотетички, ако дојде до ситуација во кој проблемот не може да биде менаџиран, Барселона ќе продолжи и без него.

– Не исклучувам ниедна опција. Секој фудбалер е заменлив, најважен е клубот, односно Барселона, – рекол Фреиша на прашањето дали Каталонците би прифатиле опција за продажба при евентуален финансиски проблем или конфликт со фудбалерот.