Арне Слот ќе добие барем уште една шанса да избегне отказ во Ливерпул, но раководството на клубот веќе бара потенцијални опции за негов наследник.
Англиските медиуми тврдат дека задачата не е лесна, со оглед на актуелната ангажираност на речиси сите квалитетни стручњаци, но се издвојува име како голема желба на менаџментот.
Се работи за Луис Енрике, актуелниот тренер на ПСЖ, клуб кој шпанскиот стручњак го одведе до прва европска титула, па и не е изненадување што е на врвот на списокот на посакувани идни предводници на „црвените“.
„Сан“ потенцира дека Луис Енрике одамна е фаворит на сопствениците и внимателно се следат случувањата околу него, но во моментов се чини е нереално да се очекува тој да го напушти ПСЖ и да прифати поинаков ангажман.
Во оптек е и Јирген Клоп, односно поранешниот менаџер се споменува како можна опција за привремен наследник на Слот и човек кој би се нафатил да помогне се додека клубот не си обезбеди долгорочно решение за позицијата.






