Мејсон Гринвуд одамна доби можност да настапува за Јамајка, но досега не прифати да биде дел од карипската селекција, која ќе мора да брка мундијалски пласман преку дополнителен плејоф.
Јамајка не успеа да обезбеди место на СП преку квалификациите, селекторот Стив Мекларен поднесе оставка, а во пресрет на плејофот, федерацијата се обидува да го убеди фудбалерот на Олимпик Марсеј да настапува за овој национален тим.
Гринвуд не е во комбинација за англиската репрезентација по скандалот од кој излезе без конкретна казна, но комбинацијата со Јамајка носи дополнителен проблем поради негодувањето од другите репрезентативци.
– Играм само една година за Јамајка и на почетокот имаше отпор кон мене, но одиграв 12 натпревари и сите се уверија во мојата страст и начинот на кој ги играв натпреварите.
– Федерацијата е опседната со тоа да привлече повеќе фудбалери, но јас им кажав дека ако не играле во квалификациите, а не биле повредени, не гледам зошто би биле повикани во март. Тоа не смее да се случи, – рекол Ајзак Хејден, кој е член на Квинс Парк Ренџерс.
Јамајка во дополнителните квалификации треба да игра против Нова Каледонија, а потоа и против ДР Конго, што ќе биде и последна шанса за пласман на СП 2026.






