Поразот од Евертон ја прекина солидната серија на Манчестер Јунајтед, а со тоа активираше и нови критики на адреса на менаџерот Рубен Аморим.
Португалецот е во многу поповолна позиција во однос на почетокот на сезоната, но секој неуспех во клуб како Јунајтед му носи и негативни коментари од дел од фановите и стручната јавност.
Поранешниот напаѓач на оваа екипа, Димитар Бербатов, застанал во одбрана на актуелниот менаџер и не гледа вина кај него за непријатниот пораз од „карамелите“.
– Понекогаш менаџерот е виновен, посебно ако слепо се држи до својата омилена формација.
– Но, во одредени моменти големите имиња на теренот мора да ја преземат одговорноста, а Јунајтед има играчи како капитенот Бруно и Касемиро.
– Главен проблем на Јунајтед е што ја загуби културата и навиката да освојува трофеи. Кога тоа ќе се случи, тешко е да се вратиш и тоа е сериозен, но и како што гледаме реален проблем. Во однос на дуелот со Евертон, веројатно екипата требаше да биде помирна и потрпелива и да ја чека вистинската шанса. Но, да не заборавиме дека Пикфорд беше играч на натпреварот, – рекол Бербатов.






