Доколку барате растение кое ќе внесе боја, живот и празнична атмосфера во градината или на терасата и кога температурите ќе паднат под нулата, тогаш овој зимски фаворит е непобедлив.
На цветањето не му пречи ладното време, а не бара ниту многу внимание, додека пак глетката која ја создава изгледа како да излегла од најубавата новогодишна разгледница.
Додека поголем дел од растенијата во зимските месеци умираат, постои еден цвет којшто тогаш ја достигнува својата полна убавина. Станува збор за чуваркуќа, родот растенија којшто е отпорен, а божиќната ружа и цикламата се меѓу најбараните зимски растенија затоа што ги поднесуваат ниските температури, снегот, мразот, а притоа даваат неверојатни впечатливи бои.

Што го прави ова растение идеално за зима?
Божиќната роза и цикламата се познати по тоа што цветаат кога другите цветови венеат. Нивните нијанси – бела, розова, виолетова, бордо и темнозелена ги прават вистински зимски украс.
Овие растенија се меѓу ретките кои без проблем опстојуваат и на -10 степени Целзиусови, а некои видови поднесуваат и пониски температури. Поради тоа идеални се за на тераса, за во градина и за во влезот од дворот.
Не бараат посебна нега, доволно е само:
- Повремено да ги отстранувате сувите лисја.
- Да не ги чувате во претопла просторија.
- Да им овозможите малку светлина.
Тоа ги прави совршен избор за сите кои сакаат убавина без многу мака.

Нивниот изглед го менува амбиентот, терасата изгледа како од бајките, а градината како од магазините. Многумина ги користат како природна празнична декорација затоа што делуваат елегантно, луксузно и свечено.
Каде е најдобро да ги чувате?
- Надвор, на студени места.
- Заштитени од директен дожд.
- Идеално: саксија покрај ѕид, прозорец или ограда.
- Можат да се чуваат и внатре, но само во студена просторија (ходник или претсобје).