[ФОТО] Дизајнер ги претворил Најк патиките во функционална СНЕС конзола

Кармин

27/11/2025

11:11

272

Големина на фонт

а а а

Дизајнерот Густаво Бонзанини го остварил својот сон креирајќи ги „АIR SNES“ – пар „Nike Air Max 90“ патики, кои служат како целосно функционална СНЕС конзола, а по повод одбележувањето на 35-годишнината од лансирањето на играчката конзола „Супер Нинтендо“ (SNES) во Јапонија.

„Идејата се појави откако ја видов соработката меѓу брендови и видеоигри. Често размислував дека би било супер кога овие патики кои личат на видеоигра всушност би служеле како конзола“, рекол Бонзанини.


Патиката која служи како конзола, креирана е со помош на компјутерот „Raspberry Pi Zero W“. Овој компјутер го користи емулаторот „RetroPie“, а Бонзанини го приспособил за да се вклопи во „јазикот“ на патиката. Патиката има батерија доволна за играње до 30 минути, како и интегриран HDMI приклучок.


За оние кои се носталгични за старите конектори на екрани, патиката исто така има и мал аналоген конвертор за RCA конектори. Што се однесува до контролерот, патиката е компатибилна со оригиналниот SNES гејмпад, но исто така е можно да се користи „8BitDo Mod Kit“, кој се поврзува безжично со „Raspberry Pi“ преку Bluetooth.


„Овој уметнички проект беше мој начин да ги прославам и двете нешта и да ја промовирам идејата за тоа што можат да станат кога ќе се спојат културата на патики и технологијата“, изјавил Бонзанини.

За жал, „AIR SNES“ е само уникатна креација со која се прославуваат 35 години од лансирањето на една од најдобрите конзоли некогаш направени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk